Единаесет дела селектирани за „Роман на годината 2018“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2018 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција од пристигнатите романи, избирајќи 11 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

На годинешниот, јубилеен, 20-ти конкурс пристигнаа 39 романи. Наградата е единствена и неделива и се состои од статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Жири-комисијата, во состав Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, е должна да го соопшти името на наградениот роман најдоцна до 15 март.

Во следниот круг на конкурсот за „Роман на годината за 2018“ одат романите:

1.„Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“
2. „Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“
3. „Лидија, или сѐ што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание
4. „Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“
5. „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или-или“
6. „Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или-или“
7. „Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“
8. „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или-или“
9. „Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“
10. „Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
11. „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“