Еден уличен портрет на ден – уметник ја слави афроамериканската историја во Сан Франциско

„Постојат убави луѓе кои оставиле подобар свет. Мило ми е што можев да споделам дел од нив за време на Месецот на афроамериканската историја, со еден портрет секој ден“, вели Мел Ватерс, кога раскажуваше за неговиот проект во Сан Франциско, во февруари. Финансиран од сопствен џеб, 34-годишниот уметник самиот го смислил проектот и го отсликал на градските ѕидови за да им оддаде почит на познатите Афроамериканци за време на Месецот на афроамериканската историја.

„Мислам дека е интересен концепт, особено во уметничка култура каде недостига социјална содржина“, вели експертот за улична и графити уметност, фотограф и историчар Џим Пригоф, кој прв ја сподели својата приказна, откако забележал дека портрети на Роза Паркс, Амири Барака и Гил Скот Херон никнуваат низ градот, кои се дел од вкупно 29 улични портрети.

Додека ги сликал портретите, Ватерс вели дека неговиот интерес за овие историски личности растел и дека проектот позитивно влијаел на него.

„За време на проектот, ноќе истражував кој да го насликам следниот ден. Има многу одлични приказни и изборот кој да го насликам беше уште еден предизвик за мене“, вели тој. „За време на истражувањето научив многу луѓе, за кои никогаш немав слушнато. Тоа беше прекрасно искуство и за мене“.

2016-03-3