Еден ден во животот на дизајнер – комични илустрации на Ѓорѓи Десподов

Илустраторот и фотограф Ѓорѓи Десподов создаде серија комични илустрации за неговото работно искуство како дизајнер. Најголем дел се инспирирани од соработката со неговите клиенти.

„Илустрациите имаат за цел да претставуваат дел од фазите на креирањето. Сите дизајнери ја имаат истата борба, кофеинот поминува низ нивните вени, правењето на логото поголемо, држејќи се во чекор со роковите… Секој дизајнер потајно ќе се смее од срце на овие визуелизации“, напиша тој на платформата Behance.