„Еден ден без нас“ – мигранти во Велика Британија најавија штрајк за да потсетат на нивната улога во општеството

Работници мигранти и нивни поддржувачи планираат ден на акција со кој ќе потсетат на нивната улога во Велика Британија и да го одбележат нивниот придонес во британското општеството. Настанот, наречен „Еден ден без нас“ претставува бојкот на работното место.

Организаторот Мет Кар ги повика граѓаните да се приклучат на настанот, кој е закажан за 20 февруари 2017 година.

Тој вели дека во општеството постои загриженост за влошување на ставовите за мигрантите во Велика Британија откако на референдумот во јуни мноштвото граѓани одлучија да ја напуштат Европската унија.

„Сакаме да го направиме овој настан да биде инклузивен“, рече Кар за Гардијан.

„Ние сме свесни дека поради законските ограничувања за штрајкување, голем број работници нема да можат формално да учествуваат во акцијата. Сепак, тие можат да го поддржат настанот со тоа што ќе земат слободен ден од работа“, додава Кар.

Тој вели дека е изненаден што настанот за многу брзо време добил огромна поддршка. Според него, засега биле вклучени приближно 6 000 луѓе.

Настанот ќе се одржи на Светскиот ден на социјалната правда, а досега слични настани се одржале последните години во Америка и Италија.