ЕБОР го откажа Бошков мост

Организацијата Еко-свест, која пет години заедно со повеќе експерти, екологисти и активисти неуморно реагираа и праќаа жалби против проекти во Маврово, објави дека Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и официјално ја откажа ХЕЦ Бошков мост.

Ставот на Еко-свест е дека Национални паркови се за заштита на природата и биолошката разновидност, не за големи инфраструктурни проекти чија примарна дејност/намена не е заштитата.

„Нѐ радува тоа што ЕБОР ги увиде нашите предупредувања и го сфати значењето на Маврово како последното репродуктивно јадро за Балканскиот рис кое неминовно ќе се уништеше со изградбата на голем број планирани електрани и што го откажа финансирањето за проектот“, велат за Радио МОФ од Еко-свест.