Е-Тестови, македонска апликација за полесно положување на возачкиот испит

Е-Тестови, македонска апликација за полесно положување на возачкиот испитСите кандидати кои треба да полагаат за возачка дозвола имаат можност да користат интернет апликација што ќе им помогне полесно да си научат сообраќајните правила и прописи и да го поминат теоретскиот дел од испитот.

Македонската апликција за Windows Phone Е-Тестови е наменета за тестирање и утврдување на знаењата на идните возачи со што им се овозможува подобро да се подготват за теоретскиот дел,  потсетува socialnet.mk

Опфатени се официјалните прашања за „Б-категорија” кои може да ги добие кандидатот при полагање на теоретскиот дел.

Е-Тестови дозволува бесплатно преземање на апликацијата од ОВДЕ.