ДЗС: Во Македонија има 1 205 основни и средни училишта

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на основните и средните училишта изнесува 1 205.

Од нив, 89,5 отсто, или 1078 се за основно образование, а 10,5 отсто, односно 127, се за средно образование.

Од вкупниот број на училишта, најголем процент се редовни училишта, или 93.2 отсто од основните училишта и 95.3 отсто од средните училишта.

Својата образовна дејност училиштата ја извршуваат во 1 342 училишни згради. Според годината на изградба/последна реконструкција, адаптација или санација, најголем број, односно 984 училишни згради се од периодот 1998-2016 година.

Во однос на состојбата во којашто се наоѓаат, од вкупниот број на училиште, 791 се во добра состојба, кај 104 се потребни поголеми поправки, во 388 учичишта се потребни реконструкција, адаптација или санација. Во дотраена состојба се наоѓаат 58 училишта, а во процес на изградба е само едно училиште.