ДЗС: Раст за 9 отсто на платените даноци за животна средина

Во 2016 година, во Република Македонија биле платени даноци поврзани со животната средина во износ од 11 175.7 милиони денари, што е за 9.0 отсто повеќе отколку во 2015 година, информираат од Државниот завод за статистика.

Во 2016 година, најголемо учество во даноците поврзани со животната средина имаат даноците за енергенти со 64.5 %, по што следат даноците за транспорт со 34.6 % и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористувањето на природните ресурси (вода, шуми, дива флора и фауна) со 0.9 %.

Според ДЗС, пред две години, даноците составувале околу 1.9 % од бруто-домашниот производ, што е за 0.1 % повеќе отколку во 2015 година.