ДЗС: Намален бројот на ученици и студенти во интернатите и домовите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017/2018 година, вкупниот број на ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6 334, што претставува намалување за 6.2 % во однос на 2016/2017 година.

Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 247 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Според ДЗС, домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.