ДЗС: Бројот на запишани студенти е намален за 3,6% во споредба со претходната академска година

Во академската 2019/2020 година се запишале вкупно 51 734 студенти, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната академска година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти (85.3 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 14.0 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Прва година на студии, во академската 2019/2020 година, запишале 13 701 студент или 26.5 %. Тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година.

Најголем дел од студентите го избрале Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поточно 24 102 студенти. По него следува Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со 7 271 запишан студент, по што на листата доаѓа Државниот универзитет во Тетово со вкупно 6 580 студенти и битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ каде се запишале 3 930 студенти.

Од вкупниот број запишани, 29 515 или 57.1 % се студентки.