ДЗР упати неповолно мислење за финансискиот извештај на Агенцијата за вработување

Неусогласени податоци за евиденциите за постојани средства, залихата, паричен надоместок и активни мерки со сметководствена евиденција. Преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки. Неусогласен колективен договор на ниво на важечката регулатива. Нецелосност и точност на остварениот приход.

Ова се клучните утврдени состојби од Државениот завод за ревизија (ДЗР) по ревизијата на финансиските извештаи на Агенцијата за вработување. Целта на ревизијата, велат од ДЗР,  била да се увиди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во нив се во согласност со законската регулатива.

„Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“, соопштуваат ревизионерите.

Како клучни системски слабости наведуваат: измена на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за доуредување на одредбите за подговотката, надлежна институција и периодот на донесување на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување.