Мозаик од околу 20.000 лаги на претседателот Доналд Трамп е поставен во Сохо, Менхетн, откако претходно оваа недела беше уништен од вандали на оригиналната изложба.
Јавната инсталација „Ѕид на лаги“ личи како куп од шарени лепенки, но лагите се всушност сортирани по боја. Муралот е долг 30 метри. Изложени се сите лажни или погрешни изјави на Трамп од почетокот на неговиот мандат, а тие претходно биле проверени како факти од страна на алгоритмот на Вашингтон пост.
Мозаикот најпрво бил изложен во Бруклин, пред просториите на независното радио „Слободен Бруклин“ во Бушвик, но делото било вандализирано со про-Трамп слогани како „Гласај за Трамп или умри“, „Стој позади или стој со нас“, што беше претседателската порака до групата „Proud Boys“ за време на првата дебата со демократскиот ривал Џо Биден.
„Гледано од далечина, мозаикот личи хаотично, можеби и како метафора за последниот претседателски мандат. Но кога ќе се приближите, можете да ги прочитате лагите една по една. Тие се наредени хронолошки и сортирани по бои. Има посебна боја за лагите за коронавирусот, Русија, имиграцијата, климатската состојба и работните места. Па така, кога повторно ќе се оддалечите, можете да го забележите повторувањето на Трамп.“, изјавил уметникот од Бушвик, Фил Бјулер.
Делото е соработка помеѓу Бјулер и Том Тени, главниот уредник на радиото „Слободен Бруклин“.
NY Senator Chuck Schumer at the “Wall of Lies” today in Bushwick, Brooklyn, reading aloud some of Trump’s lies about him. @radiofreebk #walloflies pic.twitter.com/NYdNbXbb67
— Phil Buehler (@pwbuehler) October 5, 2020
Уништениот „Ѕид на лаги“ се’ уште е изложен на неговата оригинална локација.
Извор: Huffington Post