Џорџ Клинтон со Парламент- Фанкаделик на Егзит, Стерео Емсис на Си Денс

Џорџ Клинтон (George Clinton), иконата на фанк музиката ќе настапи на 8 јули во петок на главната бина на Егзит во придружба на својот славен бенд Парламент- Фанкаделик (Parliament-Funkadelic). Култниот лондонски бенд Стерео МС (Stereo MCs) на Си Денс фестивалот.

И Nitsa (Нитса), еден од најубавите клубови во Европа, лоциран во легендарната, театарска Сала Аполо во Барселона, ќе ја спроведе овогодишната програма на „No Sleep Novi Sad“, на бината на Егзит во четврток, 7 јули. Звукот на еден од градовите кои не спијат 365 дена годишно, на Петроварадинската тврдина ќе ги доведе Rebolledo (Реболедо), The Hacker (Д Хакер), DJ Fra (Диџеј Фра), Tijana T (Тијана Ти) и Klaus (Клаус).

Култниот британски електро-фанк-хипхоп бенд пак Stereo MCs (Стерео Емсис), ќе настапи во петок на 15 јули, на главната бина на овогодишниот Си Денс фестивал. Најубавата европска плажа Јаз ќе одекнува со планетарните хитови како што се „Connected“, „Step It Up“, „Creation“, „Ground Level“, „Deep Down & Dirty“ и други. Славниот британски „Телеграф“ го смести нивниот настап на „Гластонбери“ фестивалот меѓу најдобрите настапи во историјата на овој британски музички гигант.