Џонатан Бри во МКЦ

Пејачот, композитор, мулти-инструменталист и продуцент од Нов Зеланд, Џонатан Бри, утре од 21 часот ќе настапи во МКЦ – Скопје.

Неговото музичко видео за “You’re so cool” стана Јутјуб сензација привлекувајќи ги гледачите со неговиот уникатен маскиран бенд и морничавата надреална продукција.

На 19 години Бри го формирал бендот „The Brunettes“, пишувајќи и продуцирајќи 4 албуми и 4 EP за нив. „Brunettes“ продолжиле потпишувајќи со „Sub Pop“, пред да се распуштат во 2010 година.

Има издадено 3 соло албуми, а во моментов снима материјал за неговиот 4-ти албум и се подготвува за својата светска турнеја во 2019 година.

Повеќе информации може да најдете на фејсбук страницата на настанот.