Џон Сил утре во Битола ќе ја прими наградата „Златна Камера 300“

Австралискиот кинематограф Џон Сил веќе втор ден е во Македонија. Тој утре на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура во Битола, ќе ја прими наградата за ќивотно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Џон Сил сними дел од  најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите како „Талентираниот господин Рипли“ и „Студена планина“, потоа незаборавните „Друштвото на мртвите поети“ и „Сведок“.

Во 2015 беше номниран за Оскар за филмот „Лудиот Макс: Пат на бесот“

На фестивалот во Битола,  публиката ќе има ретка можност да  проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.

Џон Сил 2