Џо Бајден венча двајца геј службеници од Белата куќа во својот дом

Заменик претседателот на САД венча двајца вработени во Белата куќа, на нивно барање. Тој официјално го потпиша бракот на Брајан Мостелер, директор на операции во Овалната канцеларија, и Џо Меши, координатор за патувањата на Мишел Обама, во неговиот дом во Вашингтон.

Церемонијата се случи една година откако неговата влада ги легализираше геј браковите.

„Горд сум што ги венчав Брајан и Џо во мојот дом“, напишал Бајден на Твитер. „Не би можел да бидам посреќен. Тоа се двајца долгогодишни вработени во Белата куќа и двајца одлични момци“.

Во текот на својот мандат како заменик-претседател, Бајден се залагаше се права на жените, а изминатите месеци ги помина на турнеи низ универзитетите за да зборува за епидемијата на сексуални напади.

Вице претседателот рекол дека не планира да „каже збогум“ на Белата куќа по завршувањето на мандатот на Обама.

„Ќе бидам таму со платформа да зборувам за нештата за кои се грижам. Надворешни работи, насилство врз жените и нееднаквоста во даночната структура“.