Џиновски раце потпираат хотел во Венеција – уметничка инсталација испраќа порака за глобалното затоплување

„Глобалното затоплување е темпирана бомба што мора да ја деактивираме пред да експлодира“, вели италијанскиот уметник Лоренцо Квин, кој сакајќи да го насочи вниманието на јавноста кон овој модерен проблем, изгради скулптура за уметничкото Биенале во Венеција.

Квин е добро познат по претставувањето на елементи од човечкото тело во неговата работа, па таков е и неговиот најнов проект. Насловен „Поддршка“, проектот се состои од две џиновски раце, кои излегуваат од каналот за да го потпира хотелот „Ca’ Sagredo“.

Тоа е визуелен став кој вели дека луѓето треба соодветно да одговорат на глобалното затоплување пред да биде доцна.

„Венеција е пловечки уметнички град кој инспирираше култури со векови“, вели Лоренцо Квин. „Но, за да продолжи да биде така, потребна е поддршка од нашата генерација и идните, бидејќи е под закана од климатските промени“, додава тој.