Џиновски инсталации на атлетичари во Рио пред Олимписките игри

Во пресрет на отворањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, францускиот уметник JR ја претстави својата серија од џиновски инсталации. Првото улично уметничко дело го претставува судански спортист Мохамед Јунес Идриз, кој живее и тренира во Келн, Германија.

„Тој ги пропушти квалификациите за 2016 година, за Олимписките игри во Рио, но тој е таму на некој начин,” вели JR.

Втората уметничка инсталација се најде во соседството, а покажува нуркач кој скока во океанот.

Исто така, прикачен на големи метални греди, делото илустрира спортист со рацете испружени напред кој лебди над околните карпи и го прави својот пат во водата под него. Во инсталациите познатиот уметник користи и нови техники, па употребува големи фотографии отпечатени на огромни листови од ткаенина, поврзани со посебна конструкција. Според најавите на Инстаграм, јавноста е во очекување на нови дела во Рио од JR.