Џиновската панда повеќе не е загрозен вид, нејзиното место го презеде источната горила

Џиновската панда повеќе не е дел од листата на загрозени видови, по децении конзервација за да се спаси.

Официјалниот статус на едно од најсаканите животни е променет од „загрозен“ во „ранлив“, поради растот на нивното население во Кина.

Промената беше најавена како дел од ажурирањето на Црвената листа на Интернационалната унија за конзервација на природата. Но, ажурирањето донесе и лоши вести за источната горила, најголемиот примат во светот, кој премина во загрозени видови.

Според последните проценки на кинеските власти, сегашната популација на џиновската панда изнесува 1 864 возрасни панди.

Сепак, нема точни податоци за бројот на малечки, иако според некои проценки, нивниот број достигнува до 2 060.

„Доказите од серија национални истражувања покажуваат дека е спречен претходниот пад на популацијата на пандите, и дека почнала да се зголемува“, се вели во извештајот на Интернационалната унија за конзервација на природата.

„Подобрената состојба потврдува дека трудот на кинеските власти да ги конзервира овие видови се ефективни“, пишува во извештајот.

Сепак, од Унијата предупредуваат дека оваа состојба може да биде краткотрајна, поради климатските промени. Според научните предвидувања, во наредните 80 години се очекува да исчезне една третина од животната средина на пандите, а со тоа би се намалила и нивната популација.

„За да се заштитат овие видови, важно е да продолжат ефикасните мерки за заштита на шумите и да се постават нови закани“, се вели во извештајот.

Бран од незаконски лов на источната горила предизвика намалување на нивниот број на само 5 000 во целиот свет.

Четири од вкупно шест големи мајмуни на Земјата сега се критично загрозени, како источната и западната горила, борнео и суматранскиот органгутан.

„Денеска е тажен ден бидејќи Црвената листа на Интернационалната унија покажува дека се уништуваат некои од нашите најблиски роднини“, вели Ингер Андерсон, генерален директор на Унијата.

Бројот на источната горила се намали за повеќе од 70 отсто во изминатите две децении. На Црвената листа досега се запишани 82 954 видови, растенија и животни. Речиси една третина, или 23 928 се наведени дека се под закана од истребување.