Како што истакнале од „Гугл“, компанијата веќе работи за да открие која е причината за падот на мрежите и проблемите при вклучување кои се јавија кај корисниците.
Не сите сервиси се комплетно паднати. Дел од корисниците можат да се вклучат на „Џимејл“ – некои ги отвораат своите сандачиња, но не се во можност да ја испратат својата електронска порака.
Проблемите на „Гугл“ ги има и мрежата „Слек“, па така корисниците на оваа платформа имаат проблеми да ги прочитаат новите пораки и да се поврзат на „Слек“ Исто како и во случајот на „Гугл“, платформата „Слек“ е недостапна само за дел од корисниците.
Според објавата на „Гугл“ се’ уште се работи на барање на причината која го создала проблемот.
„Ги истражуваме сите известувања за проблемите при користење на „Џимејл“. Наскоро ќе објавиме дополнителни информации“, стоеше во понова објава на „Гугл“.
Досега се забележани проблеми со „Џимејл“, „Гугл драјв“, „Гугл Докс“, „Гугл мит“ и „Гугл воис“. Преостанатите сервиси како „Календар“ и „Чет’ работат без проблеми.
Веб страната „Down Detector“ покажала бројни проблеми со „Џимејл“ и останатите сервиси на „Гугл“.
Извор: Independent