Џез свирка и новогодишен попуст на книги во кафе-книжарница „Магор“

кафе-книжарницата „Магор“Издавачката куќа Магор го најавува традиционалниот новогодишен попуст на книги. Големите попусти на сите изданија на Магор и акцијата „Нова година, нови книги“ ќе започнат утре (24 декември) и ќе траат до 14 јануари, 2015 година.

Утревечер пак со почеток од 22 часот, во кафе-книжарницата „Магор“ посетителите ќе можат да уживаат во џезот.

Музичката вечер е насловена „The Jazz Side of Wednesday“, а ќе настапат Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски како бас и Дино Милосавлевиќ на тапани.