Џез концерт на „Зулу 3.4“ вечер во Дом на млади Штип

Во склоп на „Штипско културно лето“, вечерва (24 јули) во Дом на млади Штип од 21:30 часот ќе се одржи џез концерт на „Зулу 3.4“, кои ќе го промовираат својот нов албум.

Се работи за инструментален бенд од Скопје, формиран во март 2018 година од тројца џез ентузијасти, чија цел е преку фузија на различни стилови да создадат уникатен звук и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Бендот се состои од три члена: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).

„И покрај тоа што се работи за релативно нов бенд, ‘Зулу 3.4’ досега бил дел од голем број настани, од кои позначајни се настапите во рамките на фестивалот ‘Синестетика’, ‘Акустичен Доручек’ и јубилејната 1000-та емисија на Петар Младеновски – ‘Пецетека’, Zulu 3.4//Station: Innermost live Club Havana Skopje , Zulu 3.4 Bar Cube/Kumanovo, Kabadayas//Zulu 3.4 Club Marakana/Skopje, Pin Conference Skopje, џез фестивалот ‘Фортнајт’, фестивалот ‘Мултикултиватор’ и ‘Рокафелас Фестивал’. Во март 2019 тие го промовираа својот деби албум ‘FM to AM’, снимен во студиото Алшар од страна на Ивица Јанкуловски. Вториот албум ‘Expandability’ е издаден на 5ти март 2020 проследен со концертна промоција“, се вели во соопштението за настанот.