Џени Холцер креираше скејтборди за да го одбележи импичментот на Трамп

Во декември 2019, Доналд Трамп стана третиот претседател во историјата на САД кој доби импичмент, но иако се очекува тој да ja задржи позицијата, уметницата Џени Холцер не сака тоа да биде заборавено.

Американската уметница, позната по нејзините политички текстуални инсталации, креираше ограничена серија на скејтборди кои ги содржат далеку познатите мудрости на Холцер, во кои е вклучен и зборот „импичмент“.

Еден од бордовите дизајнирани од Холцер

 

Според „Арт Њуспејпер“, бордовите ќе бидат достапни за продажба за време на импичментот, (5 февруари), во ограничено мермерно издание од 25 примероци, додека достапна ќе биде и дрвена серија од 500 примероци.

Наводно, скејтбордите се нарачани од компанијата „Скејтрум“, која претходно има остварено соработки со Роџер Болен и бендот “Ди антворд“, а дел од својата заработка ја донира на глобални проекти за бордање.

Еден од бордовите дизајнирани од Холцер

„Можеби Трамп повторно ќе добие импичмент, или пак бордот ќе биде употребен како надгробна плоча. Некои моменти никогаш не треба да се заборават и заслужуваат да се овековечат во камен. Ајде да ја направиме Америка повторно праведна“, вели Холцер за „Арт Њуспејпер“.

Пред овој проект, Холцер своите текстуални инсталации ги постави на комбиња кои исто го содржеа слоганот „импичмент“, како и текстови базирани на сведоштва од насилства со огнено оружје.

Извор: Dazed&Confused