Џенерал Моторс се обврза да работи исклучиво со обновлива енергија до 2050 година

Фабричкиот гигант за производство на автомобили Џенерал Моторс се завети дека ќе работи исклучиво со „зелени“ извори на енергија до средината на овој век.

Компанијата планира да го генерира електрицитетот потребен за да оперираат нејзините 350 фабрики низ планетата, исклучиво преку обновливи извори.

Сепак, останува непознато како 9,8 милиони возила кои ги произведува секоја година би можеле да работат на обновлива енергија.

Според Гринпис, потегот на Џенерал Моторс е „неверојатно непригоден“.

Минатата година, компанијата искористила девет терават часови струја, за да ги произведе своите возила и да ги напојува фабриките. Компанијата вели дека ќе инвестира во растечка ефикасност, истовремено менувајќи го изворот на енергија.

„Потрагата по обновлива енергија придонесува за нашите корисници и заедниците преку почист воздух, истовремено зацврстувајќи го нашиот бизнис преку пониски и постабилни трошоци за енергија“, изјавила извршната директорка на Џенерал Моторс, Мери Бара.

Од компанијата велат и дека заштедуваат 5 милиони долари годишно преку користење на обновливи извори. Низ годините, велат дека научните откритија им заштедиле околу 80 милиони долари.