„Џејмс Бонд симфонија“ на 12 август на „Strumica open festival“

Битолскиот камерен оркестар во 12 август (понеделник) од 21 часот се враќа на годинешниот „Strumica open festival“ со „James Bond Symphony“ (Џемјс Бонд симфонија).

„Триесет инструменталисти со солистите Ѓоко Танески, Ирена Димовска, Агни Авшар и Тамара Стојковска ќе ги изведат најпопуларните теми од Џеjмс Бонд филмовите“, се вели во најавата за симфонијата.

По филмската симфонија, градот ќе пулсира во ритамот на „DISMISSED“, бендот кој во своите осум години постење има настапувано на секое фестивалско издание во различни состави.

Настанот се одржува на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица.