Џеф Милс и Дерик Меј под диригентската палка на Емин Џијан во Мелбурн

Македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“ на 30 јануари организира концерт во Мелбурн, Австралија, на кој двајцата прочуени техно диџеи и продуценти – Џеф Милс и Дерик Меј, ќе настапат заедно со Симфонискиот оркестар од Мелбурн, под диригентската палка на Џијан Емин.

Во рамки на настапот ќе има и светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte“ која ја направија Џијан и Милс.

„Очекувањата на публиката за претстојниот концерт во Мелбурн се големи, бидејќи ќе имаат можност на едно место, во иста вечер да ги видат фантастичните Дерик Меј и Џеф Милс и престижниот Симфонискиот Оркестар од Мелбурн“, велат организаторите.

„Концертот ќе почне со програмата на Џеф Милс „Lights From The Outside World“. Ова е втора ваква едиција на Џеф Мил, по успешниот проект „Blue Potential“ чија промоција беше во 2006 година. Во вториот дел на концертот ќе следи дел од музиката, што ја создадоа Џијан Емин и Дерик Меј во концептот насловен „Music Is Music“. На крајот ќе следи светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte“ нарачана од директорот на Симфонискиот оркестар од Мелбурн за да се создаде композиција која музички ќе ги обедини Дерик, Џеф и Оркестарот.