Џастин Трудо – прв премиер на Канада кој ќе присуствува на геј парада

Џастин Трудо ќе присуствува на годинешната Прајд парада во Торонто со што ќе стане првиот канадски премиер кој ќе биде дел од овој настан.

Сепак, ова нема да биде првиот пат за лидерот да дојде на парада. Трудо доаѓа на геј парадите во Торонто и Ванкувер со години, но сега прв пат ќе го направи тоа како лидер на земјата.

Тој напиша на Твитер дека едвај чека да биде таму повторно, овој пат како премиер.

Извршниот директор на Торонто Прајд, Метју Чантелос исто така го изрази задоволството од најавата за присуство на премиерот.

„Ова се големи вести за Канада но и за светот. Не само што е веројатно најсекси политичар во моментот, туку и затоа што никогаш немало лидер на земјата да дојде на парадата“, изјави тој за Buzzfeed.

Трудо досега се покажа како голем поддржувач на ЛГБТ заедницата, постојано говорејќи за еднакви права, имиграција, трансродови права и слично. Неговата влада во ноември вети дека Канада ќе прими значителен број на геј бегалци од Сирија, пренесе Pink News.

Заедно со Трудо на парадата ќе присуствуваат министерот за финансии, Бил Морнеу и градоначалникот на Торонто Џон Тори.

Извор: Pink News