Властите во Џакарта забранија мотори на новиот надвозник кој беше пуштен во употреба овој викенд, поради страв од можна популаризација како место за правење „селфи“, што би предизвикало несреќи. Надвозникот наликува на детелина со четири листови.
Тие исто така се осветлени со илјадници светилки кои ја менуваат бојата на неколку секунди.
Агенцијата за транспорт на Џакарта рече дека забраната има за цел да ги обезбеди моторциклистите, бидејќи областа е позната по тоа што привлекува луѓе за фотографирање.
„Ние сме загрижени за нивната безбедност бидејќи наместо да ја поминат клучката, тие можеби ќе застанат за да се сликаат“, соопштија властите.
Гувернерот на Џакарта, Џарот Саифул Хидајат, исто така донесе одлука да се забранат автомобилите во одреден ден поради истата причина.
„Ние мора да го осигураме местото. Луѓето може да паднат додека прават селфи. Ние мораме да осигураме дека нема да се случи несреќа овде“, изјави тој.
Истражувачи од Карнеги Мелон Универзитетот во Америка откри дека во изминатите две години 127 луѓе починале поради инциденти предизвикани од правење селфи и дека најчеста причина за тоа е поради пад од голема височина.