Нови спортски терени за кошарка, мал фудбал, ракомет, сервис, но и фитнес зона ќе бидат дел од паркот кој ќе се отвори во дворот на Основното училиште „Лазо Трповски“ во Карпош 3, најави градоначалникот Стефан Богоев.
„Започнавме со градежни активности за изведба на новиот спортско реакреативен парк во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. На повеќе од 11.000 метри квадратни ќе се обнови зеленилото, но ќе има и нови спортски содржини“, нагласи тој.
Во паркот ќе доминира зеленилото, а во спортско рекреативниот центар ќе има и детско игралиште, нов систем за наводнување, клупи и корпи за отпадоци.
„Дополнително се прави и фитнес зона, но и детско игралиште кое веќе е во завршна фаза. На новиот простор ќе доминира зеленилото, а паркот мислам дека ќе ги обедини сите генерации и ќе го поттикне маалскиот живот во општината“, додаде градоначалникот.