Двонеделна солидарна размена на книги на ФЕИТ

Факултетското студентско собрание на ФЕИТ (Факултетот за електротехника и информациски технологии), во името на солидарниот и еколошкиот дух, организира размена на учебници, тетратки и останати материјали за учење. Размената ќе се случува во периодот наменет за заверка на летниот и уписот на зимскиот семестар, од 20 септември, до први октомври.

„Ги замолуваме студентите од погорните години, кои имаат „помалку за земање, а повеќе за давање“, да си резервираат термин во Служба што порано од студентите од подолните години. На овој начин би се постигнала подобра организација, со минимално доаѓање на Факултет“, најавија од ФСС-ФЕИТ.