Двојна изведба на балетот „Лебедово езеро“ во МОБ

Македонската опера и балет најави двојна изведба балетот „Лебедово езеро“, на големата сцена на МОБ,. Претставите под диригентство на Бисера Чадловска ќе се одржат на 30 октомври и 2 ноември, во 20 часот.

Балетот ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски  во вторник, 30  октомври. Во петок, на 2 ноември , пак екипата ја сочинуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата и сајтот на МОБ.