Дводневна програма за „Детски Рацинови средби“ во Велес

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ на 6 и 7 ноември во Велес, родниот град на познатиот поет Рацин, ги организира на „51-те Детски Рацинови средби“.

Од Клубот велат дека им е особено чест да бидат со младите поети, поетеси и млади ликовни уметници.

„Домаќини сме на ученици и ментори од дваесетина општини од основни и средни училишта од нашата убава татковина. Свечената програма 6 ноември, вторник, ќе се одржи во 12.30 во Н.Т ‘Јордан Х.К.Џинот’ -Велес“, соопштуваат од Клубот.

Подолу е целосната програма: