Движењето „Протестирам“ ги разгледува следните чекори

Движењето „Протестирам“ попладнево одржува отворен состанок на „Школка“ во Градскиот парк, каде членовите дискутираат за следните чекори, во светло на последните политички случувања во земјава.

Движењето „Протестирам“ ги разгледува следните чекори

Од движењето констатираат дека во моментов се нашле меѓу два фронта – опозицискиот камп пред Владата и кампот во кој се собрани поддржувачите на власта, пред Собранието. Целта на „Протестирам“ ќе биде мобилизација на луѓето кои не би излегле да кампуваат пред Владата, но чија цел сепак е оставка на Владата на Груевски. Една од идеите е да се делува не само пред Владата, туку и на други локации низ Скопје. „Протестирам“ е автентично граѓанско движење и таа автентичност треба да се зачува, сметаат присутните на денешниот состанок.

Движењето „Протестирам“ ги разгледува следните чекори

Меѓу предлозите кои се слушаат се: „Протестирам“ да продолжи со своите посебни активности, како маршевите до скопскиот Основен суд, движењето да организира трибини и слични манифестации во кои ќе ги образложува своите барања, но и  тоа извесен период да ги „стивне“ активностите, по што подоцна би продолжило со протестите.