Движењето „БЛМ“ ја пресретна видео играта „Анимал Кросинг“ – како демонстрантите го префрлија активизмот во видео игри

За време на пандемијата од коронавирусот, демострантите ширум светот наоѓаат нови начини за да се изкажат – преку „БЛМ“ протести во играта „Симс“ до протестите од Хонг- Конг кои се пресликаа на играта „Анимал Кросинг“.

Како што протестите против расизмот се проширија ширум светот, играчите на видео играта „Анимал Кросинг: Нови хоризонти“, почнаа да го искажуваат својот став. Адел, софтверска инженерка од Њујорк одлучила да креира меморијал на нејзиниот виртуелен остров, декориран со цвеќиња и портрети од Џорџ Флојд, Бреона Тејлор, како и од други жртви на полициската бруталност.

„Живеам со луѓе кои имаат слаб имунитет и не можев да присуствувам на физичките протести. Да се подели виртуелниот простор со останатите играчи беше многу поврзувачко искуство кое ме трогна.“, објанила Адел.

Виртуелниот простор кој таа го создала се претворил во протестно место кое го делеле многу останати играчи – чии аватари носеле и маски. Протестните аватари извикувале „Нема правда, нема мир“, „Правда за Бреона“ и „Укинете го буџетот за полицијата“. Иако на еден остров може да се присутни само осум играчи, многу луѓе ги следеле настаните и собирале донации преку платформата за стриминг „Твич“.

Виртуелниот протест на Адел е само еден од низата на протести кои се одржале на „Анимал Кросинг“ и други видео игри како „Ворлд оф Воркрафт“, „Сплатун“, „Тунтаун“, „ГТА“ и „НБА 2к20“. Во играта „Симс“, протестот кој го одржала „Ебоникс“ бил посетен од најмалку 200 играчи.

Ваквите виртуелни протести се косат со гледиштата на гејминг индустријата која оддаде релативно слаби одговори кон „БЛМ“. Додека неколку компании донираа симболични суми кон движењето, повеќето од повиците за солидарност се базираа на празни објави на социјалните мрежи, неколку задоцнети настани и виртуелни гестови. Девелоперите на „Епик гејмс“ ги отстаниле полициските автомобили од „Фортнајт“, што предизвикало мнозина твитерџии саркастично да им честитаат на рушењето на расизмот.

Според „Ебоникс“, донацијата од милион долари кон „БЛМ“ движењето од страната на „Симс“ било чекор во права насока, но таа се надева дека тоа нема да биде еднократен гест.

Бидејќи пандемијата ги усложни физичките протести, се забележал раст на виртуелните протести.

Претходно оваа година, кога Ковид-19 ги стопираше протестите во Хонг – Конг, демострантите одлучија да ја префрлат својата борба на „Анимал Кросинг“. Еден од протестите бил организиран од Џошуа Вонг, лидер на младинската активистичка група „Демостито“, при што уништен бил пиксел портретот на Кери Ленг, а поставено било знамето „Ослободете го Хонг – Конг, РЕВОЛУЦИЈА СЕГА“.

Јуки, 30 годишна гејмерка од Хонг-Конг која што живее во Лондон, креирала маички со логото „Ослободете го Хонг-Конг“ која играчите можеле да ја носат во играта на денот кога бил усвоен законот за засилена национална безбедност. Виртуелните протести секогаш нуделе побезбедни алтернативи за Јуки, која била дневна мета на солзавец. Сведочејќи како протестите полека се намалувале кај Јуки прдизвикале чувство на  бес, страв и одвратност, но видео игрите и понудиле начин за подигање на свеста.

Протести на видео игрите се одржувале околу 10 години пред пандемијата. Во еден таков случај од 2006 година, еден од играчите на „Американ Арми“ ги напишал имињата на војниците кои загинале во Ирак. „Секонд лајф“, во многу наврати го поддржувал политичкиот активизам, а во 2006 година се случил и „БЛМ“ протест на виртуелните улици на „Симс“.

Според Ник Робинсон, професор по политика и интернационални студии на „Лидс“ Универзитетот, денеска е зголемена врската помеѓу технологиите за разлика од минатото.

„Сликите од виртуелните протести на игрите се глобално споделувани, пример за тоа е „Анимал Кросинг“, каде естетиката на играта добро се отсликува врз популарната естетика на споделувани објави“, истакнал тој.

Габриела Ричард, професор по учење, дизајн и технологија на „Пен Стејт“, истакнала дека видео игрите станале популарен начин за разонода уште пред пандемијата.

„Растот на платформите како „Твич“ значи дека преостанатите можат да гледаат стрим од играта, со што имаат прозорец кон виртуелниот свет на гејмерите. Па така, јавноста се’ повеќе се буди“, истакнала Ричард.

Извор: Guardian