Движење за чист воздух на 5 февруари иницира блокада на Цементарница Усје

Движење за чист воздух на 5 февруари (среда) во 12:05 часот иницира блокада на, како што велат, големиот загадувач Цементарница, со цел заеднички да се покаже револт поради загрозување на здравјето на граѓаните.

„Министерството за животна средина од 2016 ги чува во фиока, усвојувањето на ЕУ ДИРЕКТИВИ, IED и WI, директиви кои се однесуваат на повеќе индустриски гранки. Бидејќи се кочи воведувањето на АВТОМАТСКИ МОНИТОРИНГ во реално време, прикачено на веб страницата на министерството, ние од иницијативата Движење за чист воздух се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина“, стои во повикот за блокадата.

Од Движењето велат дека со протест се покажува собир на истомисленици, а со блокада на Цементарницата – отпор.

На протестот во петокот пред Собранието, локалниот огранок на Fridays for future најавија поддршка за блокадата на 5 февруари.