„Движење“ – прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева во МКЦ

На 25 јуни со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева  во Младинскиот културен центар.
„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.
„Врската на ликот и авторската фантазија го опишуваат потенцијалот на младата сила и желбата за пронаоѓање и созревање, откривањето на сопствните можности и нивното одбележување“, истакнува м-р Маја Танева.
Настанот ќе биде организиран запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита, ве молиме да се придржувате до истите.