Двегодишно момче е првиот бегалец кој се удави во 2016 година

Првиот бегалец кој го изгуби животот на познатата медитеранска рута во 2016 година, во обид да стигне до Европа од Турција, е двегодишно дете.

Момчето патувало со уште 39 други бегалци, кога чамецот во кој се наоѓале удрил во остри камења во близина на грчки остров.

Сопатниците на момчето, кое се викало Калид, претрпеле исеченици при ударот. Според волонтери од хуманитарната организација Migrant Offshore Aid Station, која извршуваше спасувачки операции во Егејското и Средоземното Море и минатата година, детето се наоѓало во близина на островот Агатониси, пренесува Mashable.

MOAS јавува и дека повеќето бегалци на бродот биле Сиријци, но националноста на детето уште не е потврдена.