Уставниот суд на Јужна Кореја ја отстрани од функција Претседателката Парк Гин-ху по големиот коруптивен скандал на злоупотреба на нејзината функција за лични интереси, во кои учествувале и големи компании.
Одлуката на судот предизвика протести од стотици нејзини приврзаници, од кои две лица загинале во судирот со полицијата пред судот.
Главниот судија, Ли Јунг-ми, соопшти дека Парк го прекршила уставот и законот во нејзиниот мандат и покрај противењата од парламентот и медиумите, таа ја прикривала вистината и се борела со критичарите.
„Отстранувањето на пријавената од функцијата е поради заштита на уставот… Ја отстрануваме Претседателката Парк Гин-ху од функција“, изјавил Ли во процесот.
Парк се уште престојува во претседателската резиденција и откако Парламентот и изгласа импичмент и и ги одзеде нејзините овластувања.
Портпаролот на претседателската „Сина куќа“, изјавила за Ројтерс дека таа Парк нема да ја напушти резиденцијата денеска.
Парк досега ги отфрлаше сите наводи за злоупотреба на нејзината позиција.
Таа беше обвинета за соработка со нејзина блиска пријателка Чои Сун-сил, за вршење притисок врз големи корпорации да донираат средства на две фондации формирани да за поддршка на политиките на Чои.
По откривањето на скандалот граѓаните на Јужна Кореја излегоа на серија масовни протести, најголеми по движењето во 1987 година за демократизација на државата.