Две премиери на тетовската „Летечка театарска трупа“

Почетокот на јуни во Тетово ќе го одбележат две премиери на „Летечката театарска трупа“ – детското и младинско театарско студио од овој град.

На 2 јуни, во 19:00 часот, во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе биде прикажана претставата „Од трње до ѕвезди“, закажана за 2 јуни 2015 година, во 19 часот. Режијата и текстот се на Владимир Јованоски.

На 9 јуни, пак, во истиот термин, ќе се одржи премиерата на „Госпоѓа министерка“ – „театарска претстава за мали и големи деца“. Режисер е Зоран Јованоски, кој ја направи преработката на текстот на Бранислав Нушиќ. „Летечката театарска трупа“ постои неколку години, а младите актери зад себе досега имаат преку десет премиери и 80-на репризи.