Две нови сезони на ТВ серијата „Симпсонови“

Најдолгата телевизиска анимирана серија „Симпсонови“, ќе добие продолжение од најмалку две сезони, пишува Mashable. Телевизискиот канал Fox, соопшти дека ќе ги прикажува 27-та и 28-та по ред сезона од серијата секоја недела.

Според договорот, телевизискиот канал ќе ги емитува 22-те нови епизоди од секоја сезона со гаранција дека нема да има одложување на распоредот за следната сезона, како и тоа дека шоуто ќе има седум дополнителни епизоди за кои ќе има рок од шест месеци да се направат.

Серијата постави многу рекорди освојувајќи 31 „Еми“ награда. За оние кои досега не ги проследиле сите серии, ќе им бидат потребни речиси две недели за да ги изгледаат досегашните 547 епизоди.