Две милиони фотографии за осум години – Пит Соуза за фотографирањето на Обама

Официјалниот фотограф на Белата куќа Пит Соуза, неодамна зборуваше во интервју за Би-Би-Си Њузнајт, во кое раскажува за своето искуство како фотограф на американскиот претседател. Како што завршува мандатот на Барак Обама, Соуза проценува дека направил повеќе од две милиони фотографии од претседателот.

Соуза, всушност, првпат го фотографирал Обама во 2005 година, долго пред тој да седне во Овалната соба. За време на интервјуто, Соуза вели дека воопшто не е лесно да се биде секојдневен фотограф на претседател – да се фатат разиграните, сериозните и трагичните моменти. Во еден момент тој се сеќава на фотографиите кои ги направил кога Обама им давал соучество на семејствата на жртвите од масовните пукања.

Во продолжение, дел од фотографиите на Соуза, кои брзо станаа популарни.