Две изведби на „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во МКЦ

Да го поздравиш и да ми го бациш со две нови изведби на 26 и 27 март во МКЦ.

Станува збор за документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

„Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат“, се вели во најавата за претставата.

Во неа играат Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска, а во режија на Билјана Радиноска.

*Претставата не е наменета за лица под 16 години.