Две експлозии синоќа во кругот на УКИМ, нема повредени

Обезбедувањето на Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ синоќа околу 22 часот пријавиле во полиција дека слушнале две експлозии во кругот на Универзитетот, објави МИА.

полиција

Од полицијата информираат дека од експлозиите нема повредени лица и нема причинета материјална штета. Полицискиот увид продолжува и денеска.