Две членки на групата „Пуси Рајот“ бараат отштета од Русија

Двете членки на феминистичката група Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Алјохина  ја тужат руската влада за апсењето поради протестот кај Московската катедрала. Тие упатија барање до Европскиот суд за човекови права во кое бараат отштета од Русија. Двојката бара по 120.000 евра за секоја од нив, како и дополнителни 10.000 евра за судски трошоци.

Две членки на групата „Пуси Рајот“ бараат отштета од Русија

Толоконикова и Алјохина беа меѓу петте членки на групата кои во катедралата во близина на Кремељ каде се обидоа да ја изведат песната „Мајко божја, истерај го Путин“.

Двете членки на Пуси Рајот,  поради хулиганство беа осудени на две години затворска казна,  а минаа во притвор 21 месец пред судењето каде тврдат дека биле изложени на тортура.Нивната приказна која брзо се прошири и наиде на поддршка во западните држави, а осуда од голем број Руси заедно со Православната црква.

Европскиот суд за човекови права е надлежен за спроведување на Европската повелба за човекови права, која меѓу останатите европски држави ја има потпишано и Русија.

Извор: BBC