Дванаесетгодишно момче го „искачи Монт Еверест“ од дома

Едно 12-годишно момче тврди дека искачил висина која е еквивалент на врвот Монт Еверест, без да ја напушти својата куќа. Тој се качувал и спуштал по скалите во куќата каде живее 2.507 пати, за помалку од 24 часа.

Сет Чарлс, од Шефилд, си го поставил предизвикот по избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, кога мораше да го откаже планираното искачување на Скафел Пике, највисоката планина во Англија.

Тој се надеваше дека така ќе собере финансиски средства за патување во САД,  на натпревар за бокс.

Мајката на Сет, Рејчел, рече дека тој го започнал искачувањето по скалите во 05:30 часот наутро, а го завршил следниот ден, во 04:45 часот следниот ден.

„Ми олесна кога беше готово. Бев уморен и се што сакав е да одам во кревет“, рече Сет.

„Нозете прилично ме болат, но се е во ред“.

„Едноставно не можев да верувам дека тој продолжува, јас бев уморна само со тоа што стоев на нозе и му помагав да брои. Но, тој го стори тоа“, изјави мајката.

Таа рече дека посветениот мал боксер застанувал само да да једе, а поддршка му била неговата помлада сестра, која ја водела табелата за него.

„Првично мислевме дека ќе му требаат 10 часа, но сфативме дека погрешивме во математиката.

„Навистина добро го истренирале во боксерскиот центар. Тие таму искачуваат скали, но никогаш толку многу“.

Мајката за ББЦ изјави дека Сет се искачил нагоре и надолу по скалите во висина од 3,53 метри во неговата куќа и до крајот на предизвикот, направил вкупно 85.238 чекори.

Монт Еверест се наоѓа на 8.848м надморска височина.