Дванаесет млади поети се избрани за „Отскочна даска #5“ пред Скопскиот поетски фестивал

Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот, истакнувајќи го квалитетот на песните и талентот на кандидатите.

Избраните поети, по азбучен ред, се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, Деспина Сиљаноска, Елена Соколоска, Бојана Спасовска, Кире Џотов, Ива Шајноска и Ели Шапкарова.

Настанот ќе се одржи на 3 април, а поетите ќе го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 7 мај заедно со другите учесници во официјалната програма. Дополнително, избраните поети ќе учествуваат во работилница за уредување на песните, кои пред почетокот на фестивалот ќе бидат објавени во посебно издание заедно со песните од минатите изданија на „Отскочна даска“.

Организаторите упатија благодарност до сите кои испратиле свои песни и ги охрабрија да продолжат со пишување, како и покана да присуствуваат на настаните на фестивалот, подготвени со голема љубов и внимание за публиката.

Шестото издание на „Скопски поетски фестивал“ ќе се одржи од 7 до 9 мај, а е поддржано од Министерството за култура и туризам.