Двајца уапсени поради обид за кражба на имитација од графит на Бенкси

Двајца мажи биле уапсени во Фолкстон откако украле копија од графит на уличниот уметник Бенкси, која веќе била дел од правен спор бидејќи била ископирана од ѕид во Кент и продадена во САД.

Делото на локалниот уличен уметни Робсци било основано на „Art Buff“, графит на Бенкси од 2014 година. По наредба на судот на Велика Британија, било вратено во Фолкстон од приватниот сопственик во САД.

New Banksy popped up one street away from us. #banksy #folkestone

A photo posted by Dan Watts (@danjwatts) on

Полицајците на патрола во неделата наутро забележале двајца мажи кои се обидувале да го украдат делото, кое било поставено во градот претходниот ден.

Инаку, оригиналот нацртан од Бенкси вреди половина милион фунти и треба да биде изложен во Фолкстон наредната година. На него е прикажана жена која гледа во празен столб, додека слуша музика на слушалки. Во копијата, на столбот има кактус, а делото е потпишано од  „Robsci by Banksy“.