Двајца починати, 152 новозаразени и 126 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 152 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 58 случаи во Скопје, 18 во Кочани, 14 во Струмица, по шест во Струга и Гевгелија, по пет случаи се регистрирани во Куманово, Штип, Тетово и Битола, по четири во Прилеп, Берово и Валандово, по три во Охрид, Делчево и Свети Николе, по два во Дебар, Кавадарци и Кичево и по еден случај е регистриран во Велес, Гостивар, Пробиштип.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале две лица, односно, пациент од Охрид на 77-годишна возраст и пациент од Радовиш на 62 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 126 оздравени пациенти, односно, 32 од Скопје, 17 од Куманово, 15 од Гевгелија, по седум од Прилеп, Тетово и Кочани, шест од Струга, по пет од Штип, Струмица и Пехчево, четири од Велес, три од Виница, по два од Охрид, Крива Паланка и Берово и по еден од Битола, Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кратово, Свети Николе и Кичево.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 45 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19 и две деца и две мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.630 теста.