Лидерите на опозициските партии во Венецуела, Леополдо Лопез и Антонио Ледезма утринава биле присилно одведени од своите домови, објавија нивните семејства.
Сопругата на Лопез и ќерката на Ледезма велат дека претседателот Николас Мадуро е виновен за судбината на двајцата политичари.
Обата лидери во изминатите денови ги повикуваа Венецуелците да се приклучат на протестот против Мадуро, откако создаде семоќно законодавно тело наречено Уставно собрание, кое беше избрано во неделата.
„12:27 утрото – моментот кога диктаторството го киднапираше Леополдо од нашиот дом“, напиша сопругата на Лопез, Лилиан Тинтори на Твитер.
Објавила и видео од Лопез како го носат во возило на кое пишува Себин – разузнавачката агенција на Венецуела.
На Лопез му беше пресуден домашен притвор во јули, откако одлежа три години во затвор за неговата улога во антивладините уличните протести во 2014. Неговото ослободување се сметаше за голем напредок во политичките пресметки во државата.
Неговиот адвокат, Хуан Гутиерез, напиша на Твитер дека „нема легално оправдание да се поништи домашниот притвор“.
Ледезна доби домашен притвор во 2015, откако беше затворен за „водење на пуч против Мадуро“. Ванеса Ледезма, неговата ќерка, објави слично видео од неговото киднапирање.
Во меѓувреме, САД воведоа санкции против Венецуела поради новоизбраното уставно собрание, велејќи дека резултатот му дава моќ да го држи целиот политички систем на Венецуела во свои раце.
Сепак, Мадуро вели дека нема намера да ги смени своите планови да го напише Уставот одново и да се соочи со своите непријатели, од независните венецуелски медиуми, до „стрелци кои ги испратила соседната Колумбија“.