Дваесетгодишно момче загина враќајќи се од Егзит

Момче на возраст од дваесетина години загина синоќа во Нови Сад, за време на одржувањето на фестивалот Егзит. Момчето настрадало по пад од петроварадинската тврдина, јави агенцијата Бета според извори од брзата помош додека организаторите соопштија дека несреќата се случила надвор од просторот кде се одржува фестивалот, откако момчето ја напуштило тврдината, пишува Блиц.

„Судејќи по времето на влез, момчето кратко се задржало на Сгзит и откако излегло од фестивалската капија се упатило надвор од фестивалскиот простор накај Каменичкиот пат. Во прашање е осветлен простор на кој се наоѓа трајна ограда поставена пред повеќе години од страна на градските служби кои управуваат со тврдината, а на крајот се наоѓа бедем висок околу 20 метри.

Во тек е увидот на полицијата и се уште не се познати причините за прескокнувањето на таа ограда и другите околности на овој несреќен случај кој се случил на патот покрај фестивалот „Егзит“, стои во соопштението на фестивалот.